Зимските венчаници создадени во ателјето на единствената Марчеса ве пренесуваат во светот на зимските бајки и нежните снежни принцези. Фустаните создаваат впечаток на воздушна ефирност и чиста естетика украсена со меки детали инспирирани од цветот на ирисот и бугарската роза. Обрнете внимание на употребените материјали, квалитетот на изработка и силуетите бидејќи Марчеса е еден од лидерите во овој дел од модата.


















