Дестинации

Zipaquira – Подземната катедрала во Колумбија

Инвентивноста понекогаш нема граници. Веќе виденото, за многумина не е доволно, а необичното, секогаш успева да фасцинира…

Знаејќи ги овие факти, жителите на Колумбија добија прекрасна подземна капела. Капелата е изградена во колумбиски рудник од камена сол, а отворена е во 1995 година. Настаната е во повеќе фази од мала капела, што рударите ја уредиле за да имаат простор за молитва, пред одењето на опасна работа во темните рударски канали.

Енормната убавина на оваа катедрала која е запишана под земјата, привлекува голем број верници и туристи кои откако ќе влезат, се уверуваат во нејзината огромна моќ. Необичната поставеност нуди дополнителен шарм, кој како атракција овој објект го прави да биде едно од најпосетуваните места во Колумбија…

Погледнете зошто е тоа така…

Напиши коментар