Здраво тело

Знаци кои предупредуваат дека сме под стрес

Доколку имате некој од знаците кои ќе ги наведеме, би требало да размислите на тоа дека, треба да го намалите темпото на живеење, бидејќи стресот е клучната алка во низата здравствени и козметички проблеми…

Главоболки за време на викенд–  Научниците истакнуваат дека изненадниот пад на стресот, кој доаѓа со завршувањето на работната недела, може да предизвика неподносливи главоболки, па предложуваат за време на викендите да се придржуваме кон распоредите за спиење и исхрана со цел да се избегнат други индикатори на стрес.

Кошмари– Личностите под стрес често се будат, така што им се вртат непријатни слики во текот на ноќта, соопштуваат психолозите. За истото да го спречите, дозволете си ноќно спиење кое ќе трае седум часа, а пред спиење не консумирајте кафе и алкохол.

Акни– Стресот ја зголемува појавата на акни дури и кај личностите кои пред многу време се збогувале со пубертетот. Негувајте  ја кожата и мачкајте ја со хидратантен крем кој не ги затвара порите.

Потреба за благо– Не секогаш хормоните се криви за нашите потреби за благо. Главниот причинител најверојатно е стресот. Научниците откриваат дека кај жените после менопаузата се намалува желбата за благо, со што повторно акцентот се става на стресот…

Чешање– Јапонските научници докажале дека луѓето со хронично чешање, два пати повеќе се изложени на стрес.  Состојбите на дерматитис, екцем и псоријаза, освен стресот, ги влошуваат и тешкотиите и напнатоста.

Силни менструални болки– Студиите покажувале дека менструалните болки се два пати поинтензивни кај жените кои се под стрес, отколку кај жените кои се опуштени. Дури, за тоа ја обвинуваат хормоналната нерамнотежа, која ја предизвикува стресот. Намалете ги болките со редовно вежбање.

Засилени алергии– Докажано е дека кај луѓето кои страдаат од алергиски симптоми, дополнителниот стрес ја влошува ситуацијата. Симптомите се зголемуваат. Стресот стимулира производство на протеини во крвта, со што доаѓа до алергиски реакции.

Крварење на непцата–  Луѓето под стрес имаат поголем ризик за заболување на непцата. Хронично зголеменото ниво на кортизол го нарушува на имуинтетот и им дозволува на бактериите да ги нападнат непцата. Редовната хигиена се подразбира, па ако подолго работите и повеќето оброци ги имате на работното место, задолжително носете четкичка за заби.

Напиши коментар