Здраво тело

Знаете ли кое млеко е најздраво?

Иако треба да се припази кога и колку го пиеме, млекото е многу вкусна и здрава намирница која е дел од нашата исхрана. Постојат различни видови млеко, а на Вас останува да испробате кое од нив најмногу ви одговара и да уживате во благодетите на овој вкусен е здрав напиток.

Млеко од животинско потекло

Млекото и млечните производи ни даваат голема количина на хранливи материи како што се белковините, мастите, шеќерот, одреден број на минерали, липиди витамин А и Д.

Овчото млеко е побогато со протеини од кравјото млеко. Козјото млеко по состав е слично на кравјото, со разлика што побрзо се апсорбира во организмот и не содржи фолна киселина.

Еден факт кој спаѓа во областа на верувале или не !!!

Верувале или не!!! Најквалитетно млеко од животинско потекло, е млекото од кобила. Да добро читате!!! Млекото од кобила која има ждребе е вистински еликсир на животот. Тајната на многуте светски спортски шампиони, како и мазните кожи, прекрасните тела на светски познатите манекенки е токму поради консумирањето на млеко од кобила. Енергетската вредност на овој вид на млеко има неверојатно позитивно влијание врз здравјето. Меѓутоа една чаша од ова здраво млеко чини 30.000 илјади долари.

Јавна тајна на која некој навистина заработува!!!

Млеко од соја

Соиното млеко е одлична замена за млекото од животинско потекло. Лесно сварливо, богато со белковини, јаглехидрати и квалитетна маснотија која не содржи холестерол. Овој вид на млеко се препорачува за сите оние кои сакаат дополнителна енергија.

Млеко од ориз

Оризот е намирница која докажано создава најголем број на алергии, а со столетија е главна исхрана на многу народи. Можеби и Вие сте жртва на некоја алергија од ориз а се уште не знаете. Акните, зголемено црвенило или главоболка може да се реакција на претходно консумирање на ориз.

Млекото од ориз е богат извор на сложени јаглехидрати, не содржи заситени маснотии ниту холестерол. Но експертите препорачуваат внимателно консумирање.

Млеко од зоб

Редовното консумирање на млеко од зоб го смалува количеството на маснотии во крвта. Според многумина и највкусното млеко. Според густината е погусто од сите други млека, идеално за подготовка на житарици и густи супи од зеленчук.

Напиши коментар