Зимскиот период е време на чести настинки и грип, а како би го подобро подготвиле организмот за борба против разноврсните микроорганизми ве повикуваме да проверете што ви советуваат нутиционистите во светот.
Во зима е потребно да се јадат сезонски намирници за да го добиете највредното од нив.
Еколозите сметаат дека токму разликата во годишните времиња дават и разновидност во исхраната. Денес лесно забораваме на годишните времиња при имислувањето на менито за храна бидејќи многу намирници поради напредната техника се достапни преку целата година.
Потребно е да се јадат сезонски намирници и со тоа да го добиваме највредното од нив.
Во зима е најдобро да се зема храна која грее. Сета храна од животинско потекло посебно дивеч се намирници кои топлат а со тоа е добро да се најдат во менито.
Многу е важно да се знае дека намирниците кои полека раснат се потопли па затоа коренестиот зеленчук ( магданос, целер, морков…) исто и јајцата пченката и јаткастите плодови се исто така избор на намирници кои топлат.
Зголемете го внесувањето на зелениот зеленчук, семките од сончоглед, сезамот, житарките и зобот, а од овошјето консумирајте шипинки и цитрусите во облик на цеден сок. Пијте чај од џумбир и користете го во храната како зачин.
Во зимскиот период користете помалку млеко и млечни производи. Не консумирајте шекери и мед бидејќи тоа создава секрет.
За да го зголемете имунитетот редовно земајте пробиотици како додаток на исхраната… цинк со С витамин. Цинкот е минерал најодговорен за имунолошкиот систем.
Кога јадете секогаш ускладете ја чинијата со храна со годишното време, боите на годишното време нека бидат боите на вашата храна во чинијата!