Здраво тело

Знаете ли колку многу е здрав овесот?

Овесот е една од намирниците кои мора да ги внесете во вашето мени. Кога би знаеле колку е корисен тогаш тој би бил дел од секојдневната употреба. Најчесто, овесот може да го најдеме во облик на овесни снегулки или овесно брашно од кое се прави вкусна каша.

Овесот одлично го апсорбира лошиот холестерол, при тоа без да го снижи позитивниот холестерол. Бидејќи содржи полурастворливи влакна, овесот ги регулира варењето на храната и столицата. Особено се препорачува на оние кои имаат проблеми со столицата. Исто така ја спречува појавата на дијабетес, и го регулира количеството на шеќер во крвта. Внесувањето на овесот, го регулира високиот притисок, а со тоа спречува и срцеви заболувања и компликации. Се препорачува и за оние кои сакаат да ја намалат својата тежина. Ниско калоричен, ги топи маснотиите и дава чувство на ситост.

Исто така овесот се препорачува и за убава кожа. Со пилинг направен од овес, вашата кожа ќе добие неверојатен сјај и влажност.

Напиши коментар