Дестинации

Зодијакот ја открива Вашата идеална дестинација…

Доколку сеуште не знаете каде да ги поминете најубавите денови од Летото, дозволете да Ви помогне Вашиот хороскопски знак…

Овен – Секогаш во акција, луѓето родени во овој знак, бираат плажи на кои можат да пливаат, играат одбојка, возат скутер… Овој хороскопски знак летува на безбедни плажи на кое е дозволено и ноќно капење.

Бик – Сакаат семејни плажи, со посвежа клима. Особено, ужуваат на плажи во близина на ресторани во кои „ добро се јаде “, но и немаат ништо против понесувањето на мини фрижидер, преполн со јадење.

Близнаци – Доколку на плажата нема многу луѓе, веднаш се упатуваат на плажа на која шетаат добри девојки и згодни дечки, а уште ако почне добра музика, плажата се претвара во вистинска„ морска дискотека“…

Рак – Ја обожуваат водата и не бираат многу. Важна им е чистотата, така што најчесто бираат морски брег, базен, река само кога би морале…

Лав – Доволно е да биде сончево и Лавот ќе биде среќен. Секако, плажата мора да биде и чиста, доволно интимна за да овозможи мир, но не и пуста… Сепак „ кралот “ мора пред некого да се истакне…

Девица – Плажата треба да биде во близина на хотел, бидејќи во секој момент мора да се истрча до факсот… Девицата сепак работи и кога е на одмор. Пожелно е да има и интернет, а чистината се подразбира, бидејќи тоа е главна карактеристика за нив. Девиците преферираат бетонирани и поплочени плажи кои редовно се чистат.

Вага – Обожуваат монденски плажи, удобни, со лежалки и чадори во иста боја. Ретко ќе ги видите на диви плажи, бидејќи немаат пред кого да го покажат новиот костим за капење, скроен по последна мода.

Скорпија – Хотелските плажи им се здодевни, особено ако се оградени и безбедни од ајкули. Скорпиите ги сакаат водените адреналински спортови и сé што ги доведува во опасност, дури и кога се на одмор.

Стрелец – Доволно е да патува што подалеку, а плажата не е важна, бидејќи служи само кратко да се одмори помеѓу две дестинации. Стрелците ги обожуваат патувањата и за нив студиозно се подготвуваат – учат јазици, историја, култура и обичаи на земјите во кои одат.

Јарец – Ги сакаат мирните и тивки плажи, што поудобни, на кои сé им е на дофат. Сакаат и свежина, за да можат малку да дремнат, нешто да се напијат и да јадат.

Водолија – Водолиите ги сакаат скриените и недопрени плажи „ резервирани “ за најупорните. Ја сакаат природата. На уредените хотелски плажи има најмалку Водолии.

Риби – Не бираат многу кога плажите се во прашање. Не е важно дали е песочна или од каменчиња, дали се лежи на карпи или удобни сунѓерчиња, важно е да се плива.

1 Коментар

Напиши коментар