Motherhood

Зошто би требало да се ожените?

Мислењата за бракот се поделени. Додека едните велат дека е подобро да се остане слободен има и такви кои сметаат дека живоот во бракот е поквалитетен.

Ова се неколку причини за да се ожените:

Ќе станете подобра личност – Ако имате памет да одберете искрена, паметна, поштена жена за вас таа ќе успее да го извлече најдоброто од вас, така ќе станете подобра личност. Сепак партнерот има големо влијание на нас.

Луѓето во брак се посреќни – една неодамнешна студија покажала дека оженетите мажи се посреќни. Можеби одговорот е во тоа што бракот нуди стабилност која ви помага на напредувате на сите полиња.

Оженетите живеат подолго – резултатите од една студија велат дека мажите кои се во брак живеат подолго. Истата студија вели дека мажите кои живеат сами имаат пет пати поголема шанса за срцеви заболувања од оние кои се оженети.

Подобар секс – сексот со постојан партнер има своја позитивна страна. Вие се навикнувате еден на друг, добро се познавате, знаете што најмногу сакате и не се срамите да кажете. Само мора да бидете внимателни да завладее монотонијата.

Ќе ја продолжите лозата – не мора да бидете во брак за да имате деца, но нашите обичаи и морални вредности сеуште го наложуваат бракот. Брачната заедница без разлика на нејзините маани е најдобра за растење на децата.

Напиши коментар