Додека пријателите и роднините се опростуваа од телото на неодамна починатата ѕвезда Витни Хјустон во саботата, нејзиниот поранешен сопруг Боби Браун кој не беше повикан и пожелен на погребот, сепак се појавил.
Според него, тој и неговите деца биле поканети на погребот на Витни.
– Не седнаа веднаш до обезбедувањето и потоа три пати не преместуваа. Едноставно не можев да разберам зошто обезбедувањето се однесува со нас на тој начин и зошто постојано нѐ преместуваат, – биле зборовите на ожалостениот Браун (43).
Работите ескалирале и тој решил да си замине од погребот кога не му дозволиле да ја види и да ѝ се доближи на неговата ќерка со Витни, Боби Кристина.
Сепак, и неговите очи биле црвени од солзи, и тој жалел по ненадминливата смрт на Витни.