ШоуБиз

Зошто бракот на Северина кратко траеше?

Откако Северина и Милан Поповиќ дефинитивно се разделија, почнаа голем број шпекулации за тоа која е вистинската причина за крајот на нивната врската.

Најновата верзија е дека односот меѓу пејачката и српскиот бизнисмен се заостриле кога тој открил дека таа го измамила со Филип Милетиќ, момчето на нејзината пријателка Ана Бебиќ!

„Правата вистина е дека Милан открил дека Севе го изневерува со Филип. Тоа не била никаква врска или афера, само еден момент на слабост, за кои двајцата си платија сметка. Северина е жена на која тешко може да и се одолее, а тоа го знаат сите оние кои работеле со неа. Па затоа не е изненадувачки дека Филип не останал рамнодушен. Едноставно, се случило. Единственото нешто е што ниту двајцата не можеле дури ни на сон да помислат на последиците,  изјавил близок соработник на Северина.“

Очигледно, сето тоа се случило минатото лето после снимањето на спотот за песната “Италијана”.

Кон крајот на август се појавија првите информации за голема расправија помеѓу Северина и Милан, а десет дена подоцна, Ана Бебиќ се раздели од Филип.

Во меѓувреме, Ана се смирила со Филип, додека Северина го напушти Милан.

На прашањето околу оваа приказна Ана Бебиќ изјавила:

„Тоа се глупости! Не сакам да коментирам за тоа!

 

Напиши коментар