ШоуБиз

Зошто Бредли Купер си ја крие девојката?!

Иако засега нема никакви службени информации дури ни за нивната врска, се зборува дека Бредли Купер и Зои Салдана наводно живеат заедно веќе некое време. Според  „Х 17“, Зои се вселила во домот на Бредли во Лос Анџелес уште кон крајот на минатата година.

Еден од папараците кои ги начекал пред куќата изјавил:

–          Двајцата прават сè што е во нивна моќ со цел да ја сокријат нивната врска. Никогаш не сум ги забележал во ист автомобил, никогаш не се појавуваат заедно во јавност. Одличен пар се и навистина не ми е јасно која е причината што толку упорно се кријат од обожавателите.

Напиши коментар