Motherhood

Зошто бременоста се нарекува блажена состојба?

Бременоста е состојба која носи физички и психички промени. Иако за многумина првите неколку месеци може да се тешки, треба да ги знаете позитивните страни на оваа состојба. Ова се шесте супер моќи кои ги поседува една трудница.

Моќта на големите гради – иако многумина на почетокот може и да се во шок и првите неколку денови да незнаете како и што со нив, но супер цврстите гради едноставно мора да си ги сакате. Искористете ја женственоста и уживајте во промените.

Моќта на наследството – бременоста е најубавиот подарок. Вашата баба била бремена, вашата мајка била бремена и сега сте вие. Тоа е одлично чувство.

Моќта на комуникацијата – можеби неможете да комуницирате со духови, но чувството дека во вас расте живот и дека може да зборувате со него е чувство кое неможе да се спореди со ништо.

Моќта на бесрамното уживање во храна – уживањето во вксуни десерти во ноќните часови без да се каете е можност која не се пропушта.

Моќта на искористувањето – искористете ја бременоста во ваша корист, дозволете му на сопругот да ги измие садовите, алиштата, да оди во продавница и да зачисти позади вас. Кој знае кога тоа повторно ќе се случи.

Моќта на дуплирањето – можете ли да замислите какво е чувството дека на свет ќе донесете некој кој што ќе има исти очи, коса, глас или пак ќе се оденсува како вас?

Напиши коментар