Motherhood

Зошто бурмата се носи на четвртиот прст?

Кинеската легенда тоа го објаснува убаво и уверливо…

Палците ги претставуваат родителите. Показалците, вашите браќа или сестри. Средниот прст ве претставува Вас. Четвртиот прст го претставува вашиот партнер. Малиот прст, децата. Сега склопете ги рацете со дланките, а потоа средните прсти поврзете ги како што е покажано на сликата:

Обидете се да ги раздвоите палците (родителите), се одвојуваат, бидејќи тие не би требало да живеат со Вас вечно. Поврзете ги повторно.

Обидете се да ги одвоите показалците (браќата и сестрите), се отвораат, бидејќи тие заминуваат, имаат свои животни патишта.

Обидете се да ги раздвоите малите прсти (вашите деца), се отвораат, бидејќи децата растат и заминуваат. Поврзете ги повторно.

Конечно, обидете се да ги одвоите четвртите прсти (партнерот) и ќе се изненадите, тоа е невозножно да го направите…двојката е судбински поврзана до последниот ден од животот и затоа венчалниот прстен се носи на овој прст.

1 Коментар

Напиши коментар