Убавина

Зошто е опасно отстранувањето на срамните влакна?!

Иако денеска депилирната бикини зона е прашање на хигиена, американската докторка Емили Гибсон истакнува дека отстранувањето на срамните влакна може да биде и многу опасно.

„Отстранувањето на срамните влакна го зголемува ризикот од инфекции, но и од сексуално преносливите болести меѓу младите луѓе“, изјавила докторката Гибсон.

Кожата страда за време на депилацијата, а докторката истакнала дека не е битно за каква деплиација станува збор сите видови се подеднакво штетни.

Според докторката најчувствителни се гениталните области.

Докторката предупредила дека срамните влакна се таму поради одредена причина и дека треба да останат таму. Но жените тешко дека ќе се откажат од депилирање, бидејќи се разви цела индустрија која заработува од депилациите, а кај жените се наметна дека депилирањето е лична хигиена.

Write A Comment