Здраво тело

Зошто јогурт наместо кафе?

Поради протеините и добрите пробиотици, јогуртот е одличен лек за замор. Зошто е тоа така? Поради тоа што е мек, телото го дигестира многу побрзо отколку цврстата храна. Тоа значи дека брзо стигнува до крвотокот и станува добар извор на енергија. Во исто време влијае долгорочно, бидејќи има многу добар баланс на протеини и јаглехидрати. Протеините остануваат во желудникот подолго од јаглехидратите, па подолготрајно го  снабдуваат телото со енергија.

Се разбира, не смееме да заборавиме на пробиотици. Корисните бактерии можат да помогнат во одржувањето на здрав екосистем му помагајќи му на телото да се ослободи од штетните бактерии. Како и природните влакна, пробиотиците се моќна помош во процесот на варење.

Студиите сугерираат дека пробиотиците можат да помогнат при ублажување на синдромот на хроничен замор. Па јадете го слободно во било кое време од денот, а ако додадете овес, лен или друг вид семе, ореви или овошје ќе спремите идеален појадок.

Избегнувајте да јадете овошни јогурти бидејќи тие се полни со шеќер. Доколку не можете да издржите без благо, додадете мед или суво грозје.

Напиши коментар