← НАЗАД НА БОЗА

Зошто Kate Winslet не може да ја свари Celine Dion?!

Зошто Kate Winslet не може да ја свари Celine Dion?!
630 Читања

Секако се работи за фамозната песна на Celine Dion My „Heart Will Go on“ од која веруваме на цел свет му е преку глава.

Поминаа цели 15 години од премиерата на филмот „Титаник“ во кој главната улога ја играше Kate Winslet, а сега истиот филм се прикажува во кината во 3D варијанта. Kate за новинарите изјавила дека буквално ѝ се повраќа секој пат кога ќе ја чуе насловната песна од филмот.

–          Знам дека не е убаво да зборувам вака, но ми се слошува штом го чујам почетокот на песната. Знам дека има многу луѓе кои сеуште ја сакаат таа песна и дека песната е навистина убава, но мене ми се повраќа кога ќе ја чујам, – биле зборовите на Winslet.

Актерката додава и дека се нервира кога е мета на шеги секој пат кога патува со брод.

–          Штом се качам на брод, започнуваат шегите. Морам да им нагласам на луѓето дека само ако ги слушнам да кажат нешто поврзано со потонување, Jack или ѓердан, навистина ќе се налутам.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk