Motherhood

Зошто не е добро да се остави бебето да плаче?

Секој родител се соочил со долгите и макотрпни ноќи кога бебето едноставно не сака да заспие и плаче постојано.

Во ваков случај различни специјалисти предлагаат различни решенија за проблемот , но основно има две варијанти – или го земаш детето во раце и се обидуваш да го смириш, или го оставаш да се исплаче и да заспие.

Новото истражување спроведено во универзитетот во Тексас докажа дека вториот метод е сосема погрешен. Кога детето е оставено да плаче, неговиот организам лачи големи количини кортизол – хормон на стресот.

Поважно е што нивото на кортизолот останува премногу високо дури и кога детето ќе престане да плаче, што значи дека тоа долго после тоа ќе биде под стрес и несреќно.

Педијатрите советуваат мајките да го прават она што според нив е разумно и диктирано од мајчиниот инстикт.

Во се треба да се најде баланс. Ако сметате дека детето се измачува додека плаче дигнете го во раце и земете го со вас во кревет, дури и кога некој ве советува дека тоа не е правилно и дека така го разгалувате малечкото.

Вие како мајка знаете најдобро што е вистинското за вашето дете.

Write A Comment