ШоуБиз

Зошто Сил проговорил за разводот?

Иако на почетокот, Сил ја почитуваше одлуката на Хајди Клум и молчеше во врска со нивниот развод, сега тој се предомислил и смета дека им должи објаснение на своите фанови.

Популарниот пејач веќе неколку пати досега прозборе за наводните причини за разводот, но тој и понатаму има потреба да зборува пред своите обожаватели зошто се одлучил да му стави крај на својот брак со супермоделот Клум.

–          Нашите фанови го заслужуваат тоа. Кога бракот ќе стане јавен, како што беше случај со нашиот и кога ги обновувате брачните завети секоја година, оставате впечаток на идеален пар кон кој сите тежнеат. Е, тогаш сте должи да дадете и објаснување. На почетокот ја почитував одлуката на жена ми да не зборуваме за тоа, но луѓето заслужуваат барем делимично објаснување.

Напиши коментар