ШоуБиз

Зошто сите го сакаме Johnny Depp?

Милиони жени го обожаваат Johnny Depp, а за овој огромен фан клуб не се задолжени само неговиот изглед, автентичниот став и смислата за хумор. Еве уште неколку причини зошто сите го сакаме Depp…

На филмското платно е присутен повеќе од 25 години и секогаш внимателно ги одбира своите улоги. Успева да не маѓепса со буквално секоја улога, било да игра пират, вампир или заводник.

Од секогаш го негувал својот ексцентричен стил на ноншалантен дечко, а на тоа му завидуваат бројни мажи.

Тој не крие дека во младоста имал проблеми со алкохолот и конзумирањето таблети. Тврди дека тие денови се далеку позади него благодарејќи ѝ на сопругата Vanessa Paradis со која има две заеднички деца.

Depp е повлечен за разлика од некои други холивудски имиња – ужива во одржувањето на својот имот во Франција.

Тој е големиот капетан Jack Sparrow!

Напиши коментар