ШоуБиз

Зошто сите ја сакаат Sandra Bullock?!

Таа има поминато низ тежок период во животот – секс скандалот и гадниот развод од Jessie James се одигруваше пред очите на целата јавност. Секој нејзин чекор во тоа време беше будно следен, но таа помина низ сето тоа со високо крената глава.

Таа навистина се грижи за глобалните проблеми како што се сиромаштијата и загаденоста на земјата. Таа е голем хуманитарец.

Во 2010 година го посвои малиот Louis од Њу Орлеанс, кого го одгледува далеку од Холивуд, односно живеат во Тексас.

Таа е убава и без шминка. Шармантна е, симпатична и неверојатно духовита. И што е најважно, не се преценува себе си. Секогаш е приземна.

Sandra верува во љубов без разлика на тоа колку пати ти било скршено срцето. Според неа, тоа може да те направи само подобра личност.

Таа е докажана актерка која знае да одглуми секаква улога, а во 2010 година доби и Оскар за најдобра женска улога во филмот „The Blind Side“.

Write A Comment