ШоуБиз

Зошто сите ја сакаме Marilyn Monroe?

Таа беше обожавана на сите страни. По неа воздивнуваа милиони мажи ширум светот, но тоа никогаш не ѝ донесе среќа и задоволство. Таа само сакаше да биде домаќинка опкружена со многу деца. Без оглед на тоа што не успеа да оствари многу животни цели, бидејќи под неразјаснети околности почина на 36 години, нејзината насмевка секогаш беше пристуна меѓу широките маси.

Ја сакаме бидејќи ја испеа највпечатливата роденденска честитка на сите времиња.

Иако не освои ниеден Оскар, што секогаш ја вознемирувало, таа денес е инспирација на многу жени. Иако нејзиниот актерски талент честопати бил оспоруван, нејзината непосредност, духовитост, грациозност, совршени облини и природна убавина ја направија ѕвезда која секогаш ќе ја паметиме.

Иако не се носела со титулата најголем секс симбол во тоа време, денес сите ја препознаваме како таква. Еве што таа рекла по тој повод:

–          Секс симбол е нешто јако, но јас не сакам да бидам тоа!

Напиши коментар