Здраво тело

Зошто во зима накачуваме килограми?

Потребно ни е повеќе храна за да ја задржиме топлината, ова е вообичаеното верување кое е совршено погрешно.

Најновото истражување докажува дека оние кои имаат вишок на килограми им е поладно. Наслагите кај возрасните се бело масно ткиво, а мастите кои ја чуваат топлината се кафено масно ткиво.

Кафеното масно ткиво исчезнува како растеме. Додека белото масно ткиво е складиште на енергија, кафеното масно ткиво ги согорува калориите кои ослободуваат топлина. Старото, досегашно верување беше дека во зима јадеме повеќе и помасна храна која ќе ни даде повеќе топлина. Но, тоа е сосема погрешно. Ние генетски така го имаме програмирано телото.

Велат дека во зима, кога ни е ладно апетитот е поголем, но сето тоа е на психичка база. Доколку јадеме разноврсна свежа храна, која во денешни услови ја имаме во текот на целата година нема да си дозволиме да се дебелееме во зима.

Една од причините е недостатокот на витамин Д, витаминот на сончевата светлина кој е потребен на телото за да го изврши процесот на синтеза. Во зима има поретко сонце, а и кога го има ние излегуваме прекриени со дебела зимска облека па сончевите зраци тешко стигнуваат до кожата.

Друга главна причина е неактивноста. Во зима сме почесто дома, пред телевизорот, не сме активни и не ги трошиме калориите кои ги внесуваме.

1 Коментар

Напиши коментар