ШоуБиз

Зошто восочниот Клуни не чини? :)

Иако важи за неприкосновен шармер, неговата восочна фигура го прикажува во едно сосема поинакво светло.

На сите ни е познато дека е вистинска чест да се најде нечија восочна фигура во музејот во Лондон, но изгледа тоа не важи за Џорџ Клуни. Имено, тамошните вајари го овековечиле ликот на актерот во восок, но крајниот резултат не е ни малку привлечен колку што е актерот во живо. Изработката на фигурата започнала во 2004 година кога косата на актерот беше потемна, а не се прикажани вероодостојно и другите особини карактеристични за ликот на Клуни.

Неговиот тен е постар, а образите му се значително изразени. Облечен е во хавајска кошула, а за Клуни карактеристичен е свечен, темен костим.

Што мислите вие?

Напиши коментар