Мода

Зухаир Мурад – Couture колекција за пролет 2012

Познатиот дизајнер Зухаир Мурад, чии креации можевме да ги видиме и на доделувањето на Оскарите, неодамна ја претстави својата најнова колекција наменета за престојната пролетна сезона.

Како што вели и самиот дизајнер, креациите се наменети за гламурозни жени кои сакаат да изгледаат секси, впечатливо и елегантно. Неговите фустани зрачат со луксуз и женственост, а се направени да ја истакнат силуетата и облините на жените.

Познатите ѕвезди веќе ги резервираа своите омилени креации, а модните критичари проценија дека оваа колекција на Зухаир Мурад ќе биде една од неговите најуспешни дела досега. Критичарите најмногу ја пофалија последната креација, прекрасна венчаница со долг вел која изгледа како венчаница достојна за кралици.

Напиши коментар