Бора-Бора која спаѓа во друштвените острови на Француската Пелопонезија е најромантичното острово на светот.
Затворете ги очите и завртете го глобусот! Каде и да допрете од Средоземното море, па се до Индијскиот океан- ќе се најде некое романтично острово кое изгледа како од бајките. Има ли нешто поубаво од уживање на осамено остово во друштво на саканата личност?
Бора-Бора
Замислете се себи си со саканата личност во бунгалов над тиркизната лагуна! Тое нешто по што е препознатлива Бора-Бора. На средината на островот се издига рецкав врв на планината Отеману, околу остовот се наоѓаат многубројни мали остовца.
Капри, Италиа
Познато по вилите со поглед на море, ова островче во Тирнското море, е олицетворение на лагодниот живот и луксуз. ( обрнете внимание на луѓето кој се сунчаат на карпите или пијат “proseko” во гламурозниот клуб “La Fontelina”). Со помош на жичара можете да стигнете до главното пристаниште до центарот на градот Капри, со улици преполни со бутици. Оние кој сакаат да пешачат и малку да се осамат, може со автобус да одат до мирното село Анакапри. Тамо можат да прошетаат низ градината на вилата Сан Микеле од 19. Век.
Санторини, Грчка
Бели куќи, цркви со плави куполи расеани по падините на стариот вулкан, се препознатливо обележје на ова прекрасно острово. За време на залезот на сонцето, Критското море блеска. Но, и покрај убавата природа , правото волшебство на Санторини се крие во изобилството на атракции- почнувајќи од одличните вина, црните, црвени и бели плажи, па се до археолошките пронаоѓалишта од преисториското време.
Кауаи, Хаваи
Најстарото од осумте острови изобилува со планини, кањони , дождовни прашуми и водопади, кои се совршен мотив за фотографирање. Не ја пропуштајте шестцасовната пешачка тура по островот .
Борокај, Филипини
Островот долг осум километри, денеска им конкурира на најпознатите азијски туристички дестинации, како што ст Пукета и Кох Самуија (Тајланд). Од Манила за 45 минути со авион ќе стигнете до Калибо или Катиклана, од каде со брод можете да стигнете до плажата позната бо белиот песок, кој воедно се смета за најмек на светот.
Малдиви
Ова острово ги дочекува туристите со белскаво бели плажи, корални острови и луксузни хотели на осамени места. Тоа е идеален одмор за сите оние кој сакаат да побегнат од гужвата, пред се познатите личности но и паровите кои одат на брачно патување.
Мауи, Хаваи
Иако ова острово е познато како тропски рај, тоа сепак овозможува повеќе од тоа: тука е врвот на кратерот на вулканот Халекала, полињата со шеќерна трска и О”o фармата каде можете да уживате во преубавиот пејсаж, да научите нешто за храната и секако да ја пробате. Доколку сакате да се сокриете од светот , градот Хана, на врвот од дождовата шума е идеално место за вас. Ке имате впечаток како да сте одпатувале во минатото. По истражувачката авантура, можете да се одморите во луксузниот хотел Travasa Hana Maui.
Мореа, Тахити
Како и остовот Бора-Бора, и Мореа припаѓа на архипелагот на друштвени острови, но не е толку популарно. Нескротента џунгла, плавите лагуни и мирисот од тиарите, грејпфрутот и ванилата кои ги опиваат чулата се она што ова острово го прави посебно. Луѓето од Тахити се многу љубезни и отворени и ќе ве однесат до дивите плажи преполни со кокосови ореви.
Вијекес, Порторико
Островот Вијекес има се што им е потребно на правите романтичари: многу недопрени плажи и успорен ритам на живот. Некои делови од островот му припаѓаат на националниот природен резервар. На ова острово се наоѓа и познатиот биолуминесцентен залив, преполн со микроорганизми кои светат со плава боја и ја осветлуваат водата.
Бали
Бали е на самиот врв на листата на најромантичните острови на светот веќе со децении. Паровите ги привлекуваат храмовите обвиени со магла, планинските предели, автохтоната уметност како и љубезноста на локалното население, по кое ова острово е познато низ целиот свет.