Способноста или неспособноста нешто да постигнеш не зависи од полот
Некои луѓе ќе те убедуваат во мислата дека поради биолошкиот пол си неспособна нешто да направиш. Тие не се во право.
Можеби ќе откриеш дека нешто ти е скратено само поради твојот пол. Не се откажувај!
Доколку ова се случи, знај дека тоа не е фер и апсолутно не е прифатливо. Но немој да бидеш огорчена. Ако некој е неспособен да го препознае твојот талент тоа не треба да те скрши. Неммој да им ја даваш таа моќ. Имаш потополно право да побараш иста плата, третман итн.
Никој нема право да те допира на начин кој ти не го сакаш
Никој! Ниту родител, ниту роднини, ниту другари, личности со авторитет, странци, никој нема право да инсистира на нешто што ти не го сакаш. Никогаш!
Препирките и караниците се составен дел од животот
Понекогаш тие се лекција и можеме многу да научиме. Но секогаш кажувај го своето мислење. И знај, кога некој со своето мислење ги деградира твојот пол, раса, религија или сексуална ориентација, тој никогаш повеќе нема да води цивилизиран разговор со тебе. Со тоа добиваш право да го информираш дека веќе не си заинтересирана за она што сака да ти го каже.
Биди горда на себе
Биди горда на својот пол, раса, религија, твојот систем на вредности и на твојата сексуална ориентација. Сето тоа е дел од она што те прави да бидеш посебна. Ти си една и единствена.
Како растеш, така помладите луѓе ќе те гледаат како пример
Без разлика дали сакаш или не сакаш да бидеш пример за некого, тоа ќе се случи. Едноставно со своето однесување можеш да имаш влијание на одлуките кои ги носат младите луѓе, како и нивните погледи. Таа моќ користи ја паметно, за добро, не за лошо.
Ќе ти се случи личност од спротивниот пол да те збуни
Без разлика како ќе се чуствуваш, тоa не е и не треба да биде основа за генерализација или претпоставка дека сите машки се исти. Запомни дека тој е само една птица од јатото.
Живееме во време во коe сите сме медиуми
Медиумот е моќ. Она што ќе го кажеш или пак напишеш на online социјалните мрежи може да има непријатни последици. Затоа пред да објавиш било што прво размисли на можните последици. Користи ги твоите зборови на паметен начин.
Доколку имаш можност направи им го животот поубав на оние кои не можат да се борат за себе
Без разлика кои се и што се, помогни им доколку можеш. Тоа се нарекува достоинствено.
Немој да употребуваш грди зборови
Едноставно немој!
