Београдска торта
Потребни состојки:
16 јајца
390гр шеќер
125гр мелени бадеми
120гр брашно
2 лажици ванилин шеќер
5 децилитри млеко
1 маргарин
100гр сецкани бадеми
Подготовка:
Изматете чврст снег од осум белки и додадете 70гр брашно. Изматете шест жолчки со 180гр шеќер, додадете ги мелените бадеми и во тоа измешајте го снегот од белките. Печете во подмачкан и со брашно наросен калап околу 40 минути на 180 степени. Печената торта извадете ја од калапот, оладете ја и пресечете ја на половина. За филот изматете 10 жолчки со преостанатиот шеќер, па додадете им го останатото брашно, шеќерот од ванила и децилитар ладно млеко. Матете додаке да добиете крем без грудвички, а останатото млеко оставете го да проврие. Во топлото млеко измешајте ги припремените жолчки и варете се додека филот не се згусне. Посебно изматете го маргаринот и додадете го во оладениот фил. Филувајте ги корите, целата торта, премачкајте и однадвор, па наросете со сецканите бадеми.
