Мојата кујна

Брз рецепт: Направете печени макарони со мелено месо и печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1пакување макарони

* 500гр мелено месо

* 400гр печурки

*  1 главица кромид

* сол,бибер, вегета и малку масло

* 1 тегла (900гр) доматен сос

* 200гр рендан кашакавал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени.
  • Тестеннините сварете ги во солена вода, исцедете ги и полиете ги со ладна вода за да не се залепат.
  • Додека тестенините се варат, направете го сосот.
  • На малку масло испржете го ситно исецканиот кромид. Во кромидот додадете го месото и зачините, па пржете околу 10 минути.
  • Печурките исечете ги на тенки листови и додадете ги во месото. Динстајте на ниска температура додека не омекнат.
  • Откако се ќе биде готово, додадете го сосот од домати.
  • Оставете малку да поврие, па додадете го во макароните.
  • Се убаво измешајте и ставете во ватростален сад кој предходно сте го намачкле со путер.
  • Поросете со ренданиот кашкавала и ставете во рерна.
  • Печете се додека не добие златна боја.

1 Comment

Write A Comment