Art & Crafts

13 работи што треба да престанеме да ги правиме. Уште денес, уште сега!

Зошто некои луѓе се посреќни од другите? Зошто успеале, зошто работите секогаш им одат од рака? Можеби е среќа, можеби е судбина, а можеби е едноставно прашање на став и … правилно однесување!

Затоа топло ви советуваме да се ослободите од неколку многу штетни навики кои и пречат на вашата среќа. Направете го тоа уште денес, уште сега!

–          Престанете да разговарете со луѓе кои ви ја спуштаат самодовербата!

–          Престанете да живеете во минатото. Не можете да го вратите, ниту да го промените.

–          Престанете да се обидувате да контролирате се. Никој не успеал, исто така нема да успеете ни вие.

–          Престанете да им угодувате на сите!

–          Не плашете се да ризикувате. На крајот на краиштата, подобро да пробате и да не успеете, отколку никогаш да не пробате.

–          Научете како да кажете “НЕ” и “Не можам”!

–          Престанете да мислите “Ама што ќе кажат луѓето? “ Луѓето СЕКОГАШ ќе зборуваат .

–          Престанете да го минувате вашето слободно време помеѓу четири зида. Оставете ги компјутерите, телевизорите и излезете на отворено.

–          Престанете да се занимавате со глупости! Тие воопшто не се “слатката страна на животот”.

–          Престанете да собирате непотребни предмети! Фрлете се што не сте го употребиле повеќе од една година.

–          Престанете да се жалите! Никој не ви е виновен за било што. Вие сами сте одлучиле да му верувате, да постапите на одреден начин или да се врзете со одредени луѓе.

–          Престанете да се мрштите. Не знаеме дали позитивното размислување со сигурност ќе ви помогне да ви се случуваат убави работи. Но сигурно знаеме дека негативното нема да помогне.

–          Престанете да судите ! Секој си има своја историја, своја вистина и свој начин на размислување. Вие исто така.

Напиши коментар