Каде ли се кријат тие 15 илјади квадратни метри луксуз? Веднаш ќе ви одговориме. Како што ќе видите во галеријата имотот има основна куќа со три спални соби, огромен салон и базен. Има исто така и посебен апартман и куќа за гости, работна просторија и летно кино.
Нема потреба човек да излегува надвор од пределите на својот прекрасен дом. Замислете си како уживате во оваа летна палата под сончевите зраци и заобиколени од морските бранови. Ако имате вишок 30 милиони долари, ова е одлична инвестиција за вас.