Надвор времето е прилично студено, а така и ќе продолжи уште долго…но пак од друга страна студеното време си има свои модни предности. Време е за нашиот омилен аксесоар – шалот! Го обожуваме – небаре е само едно убаво парче платно, а е способен да придаде еден сосема нов и истенчен изглед на комбинацијата. Ние кои сме тотални фанови на шалот, останавме без зборови кога видовме колку многу варијанти на врзување постојат. И така, наместо да ви прераскажуваме, решивме визуелно да ви го претставиме истото.
Ви подготвивме едно неверојатно видео! Спремни ли сте?