Art & Crafts

25 совети за посреќен живот

За да сме среќни треба најпрво да се сакаме себе си, да знаеме кои сме и на што сме способни. За жал понекогаш не учиме од своите грешки и наместо тоа продолжуваме напред и повторно ја правиме истата грешка. Ќе ви претставиме 25 лекции од животот кои ги осмислуваат минатите денови и даваат повеќе надеж и оптимизам.

  • Љубовта нема ништо заедничко со физичката убавина. Таа е плод на време, доверба и интерес.
  • Да си возрасен може да биде забавно, особено ако во душата останеш засекогаш дете.
  • Зависта може да постави сопка и на најголемиот среќник.
  • Лоши работи навистина се случуваат и на добри луѓе.
  • Најголемите вистини доаѓаат со најмалку мислење.
  • Смеењето, плачот, радоста и гневот се особено важни. Тие не прават луѓе.
  • Да си го расчистуваш патот кон одредена цел е неверојатно, но не и во случаите кога некој веќе ја постигнал пред тебе.
  • Несигурноста се поврзува со недостаток на знаење. Двоумењето пак е продукт на стравовите.
  • Времето ги лекува сите рани…независно од тоа како се чувствуваш во моментот.
  • Во повеќето случаи она што го бараш е точно пред очите.
  • Твоето здравје е твојот живот.
  • Шансата е подарок. Не ја пропуштај кога судбината ќе ја постави на твојот пат.
  • Љубезноста и упорноста ќе те однесат многу подалеку од интелектот.
  • Секој заслужува втора шанса но не и трета.
  • Омажи се за оној што е меѓу другото и твој најдобар пријател.
  • Направи многу фотографии. Еден ден ќе разбереш зошто.
  • Парите го прават животот полесен, само кога се заработени чесно и не се земени на заем. Рамнодушноста е коренот на неуспехот.
  • Твоите постапки сега создаваат спомени за кои ќе раскажуваш после извесно време.
  • Кога ќе излезеш од безбедната зона, успеваш да погледнеш на работите од друг агол – често тоа е многу полезно.
  • Мотивацијата доаѓа на бранови. Не го пропуштај следниот.
  • Постојаното игнорирање на очигледното, е исто како да одиш во спротивен правец од посакуваниот.
  • Помирувањето со грешките и неуспехот ги поставува основите на успехот во иднина.
  • Личната победа без ничија помош останува засекогаш.
  • Ако не собереш храброст да делуваш, секогаш ќе се прашуваш што би можело да биде.

Напиши коментар