Кромидот ги чува дишните патишта
Кромидот е одамна познат и како храна и како лек бидејќи содржи многу драгоцени материи. Освен калиумот и хромот, обилува со биофлавонид, кој има големо антиканцерогено дејство. Освен тоа, 100 грама кромид ја содржи и дневно потребната доза на витамин Ц, но има и значајна количина на витаминот А, Б1, Б2, Е, H и К. Кромидот е добар диеретик, а помага и во снижување на крвниот притисок .Во текот на зимата најчесто се користи за искашлување и за јакнење на имунитетот.
Компирот обезбедува енергија
Поради хранливите и лековити својства, компирот се вбројува меѓу најценетите намирници во светот. И покрај убедувањата дека компирот дебелее, овој зеленчук има малку калории, само 85 во 100 грама, но затоа содржи 22 минерала. Најважните се калиумот, кој обезбедува правилно работење на мускулите на срцето, железото и магнезиумот, кој ни ја враќа силата. Освен тоа, овој зеленчук содржи и витамин Ц и витамините од групата Б, кои ги олеснуваат симптомите кај запаление на цревата и останатите органи за варење. Јадете го само варен или печен, бидејќи така спремен содржи најмногу хранливи материи.
Доматите го зајакнуваат имунитетот
Поради своите енергетски, хранливи и лековити вредности, доматите се незаменлив дел од нашата исхрана. Овој зеленчук има малку калории, но затоа содржи многу различни хранливи материи. Поради антиоксидантското и антисептичкото дејство, доматите се одличен диуретик и чистачи на организмот, а се препорачуваат и за јакнење на имунитетот.