Art & Crafts

3 начини како да ја смирите иритираната кожа после бричење

Нашата кожа бара посебна нега, осебено поради честото депилирање. Доколку користите жилет, знаете дека често се појавува црвенило и пецкање. Прочитејте како лесно и брзо да ја смирите кожата после бричење.

Јаболковиот оцет е познат по своите антибактериски својства, но и против воспалителни, па затоа е идеален во оваа ситуација. Со помош на памук ставете од јаболковиот иоцет на кожата после бричење. Тоа ќе го ублжи пецкањето и ќа ја намали болката.

Слично како и јаболковиот оцет, делува и алое верата. Освен тоа што го смирува воспалението, алое верата ја омекнува кожата, а со тоа го забрзува и зараснувањето на евентуалните ранички. Потребно е само да нанесете еден тенок слој на кожата.

На иритираната кожа може да и помогне и аспиринот. Растворете два аспирина во малку вода за да добиете паста. Намачкајте ја на воспалените места и оставете да отстои неколку минути. Потоа измијте ја со малку топла вода.

Write A Comment