← НАЗАД НА БОЗА

3 Вкусни пијалоци за намалување на тежината

3 Вкусни пијалоци за намалување на тежината
1072 Читања

Овошјето е најдобар пријател на нашето тело, особено ако го конзумираме свежо, бидејќи содржи влакна, витамини и минерали кои му се неопходни на телото. Овошјето е идеално за топење на несаканите масни наслаги собрани во телото!

Колку пати сте обидувале да се присетите кога последен пат сте јаделе свежо овошје? Доколку не се сеќавате време е да направите промена.

Токму поради тоа ви даваме идеа за три вкусни и здрави пијалоци кои се идеални за доручек, за замена на меѓуоброците и помагаат во намалувањето на килограмите.

Состојки:

  1. Шумски вкус: јаболка, малина, грејпфрут и сок од портокал
  2. Тропски вкус: грејпфрут и ананс
  3. Свеж вкус: мандарина, јагода и банана

Подготовка:

–          Во блендер ставете неколку коцки лед и мала шоља за кафе ладна вода.

–          Додадете ја вашата комбинација на овошје исечено на коцки.

–          Се добро измешајте и послужете се.

Совети:

–          Поигрувајте се со вкусовите и слободно во својот пијалок додадете природен сок или зачински билки како што е мента или цимет по желба.

–          Доколку сакате вашиот пијалок да биде по јак наместо вода додадете пола чаша јогурт со ниска масленост или пробиотик.

–          Утрото започнете го со пијалок збогатен со житарици и со костенасто овошје коко лешник или бадем.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk