Здраво тело

4 пијалоци против грип и настинка

Заедно со зимата доаѓаат и првите симптоми на грип и настинка. Па, за таа цел ви нудиме 4 пијалоци, кои ќе ви помогнат да се справите лесно со несаканите ефекти.

Пијалик со алое и лимон

Алоето има способност да го зајакнува имунолошкиот систем и се одликува со силни анти-воспалителни својства. Таа го снабдува организмот и со вредни витамини како А,Б1,Б2,Б6.Б12,Ц, и Е,минерали фолна киселина и други.

За да си направите пијалок против грип со него, измешајте 100гр сок од алое со сок од 4 лимона, 300гр мед и 500гр мелени ореви. Добро измешајте до добивање на хомогена смеса и земајте по 1 лажичка од неа 3 пати на ден пред јадење.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот има прекрасни антиинфламаторни својства, го зголемува имунитетот и предизвикува потење, што е многу ефикасно при грип и настинка.

Можете да го конзумирате така што ќе си направите чај од него. Пијте го топол со лимонов сок и мед два пати на ден – наутро и навечер.

Чај од камилица

Камилицата е испитано средство при грип и настинка, кој делува многу добро при воспаление на дишните патишта. Земете една лажица цвет од камилица и потопете ја во 250мл вода. Оставете да отстои 15мин и исцедете. Конзумирајте од топлиот пијалок по една лажица 2 пати на ден.

Пијалок од малини

Малините се незаменливо средство за смалување на температурата и третман за инфекции. Затоа чајот од нив ќе влијае одлично!

А еве и како да го направите! Измешајте 1 рака сушени малини, 2 листови од малина, 2 стапчиња од оригано и 2 листови од подбел. Измелете ја смесата и полиете со врела вода една лажица од неа. Варете 5-10 минути на тивок оган и исцедете. Пијте ½ чаша од топлиот пијалок 3-4 пати на ден пред јадење.

Write A Comment