Конструктивна самокритичност е потребна на секој човек, за да ги процени правилно своите акции. Проблемот доаѓа кога таа ќе се претвори во хронично самообвинување. Која е разликата?
Самокритичност е можност да се погледне од страна, да ги видиме грешките, да ги признаеме и да се потрудиме да не ги повторуваме.
Самообвинување е кога ја бараме вината само и единствено во себе и се стремиме кон нездрав перфекционизам.
Зошто не треба да го правиме второто?
- Редовното самообвинување ја намалува самодовербата и го уништува идентитетот.
- Ни става подсвесна забрана за акција, бидејќи нешто ни вели: “За ништо не те бива”.
- Тоа ни пречи да се сакаме себе и другите, бидејќи поголемиот дел од времето го поминуваме обвинувајќи ги другите за нашите грешки.
- Самообвинувањето не ни остава простор за позитивни емоции. Во еден момент стануваме неспособни да бидеме среќни.
- Го спречува рационалното размислување! Што значи дека не само што не можеме да го најдеме вистинскиот излез од ситуациите, туку се навлекуваат уште еден куп дополнителни проблеми.
- Затоа ајде да бидеме малку објективни и да не се обвинуваме за се. Се разбира, не е добро да отидеме и во друга крајност – за се да ги бараме причините за нашите неуспеси во некој или нешто друго. Наоѓајќи златна средина сигурно ќе се радуваме на повеќе мир и хармонија.
