Убавина

7 најдобри трендови на маникир за оваа сезона

Прекрасни, тренди и ефектни бои на лакови за нокти кои просто морате да ги пробате оваа година!

Во деновите што ни предстојат лакот ќе биде еден од основните и најважните “аксесоари”, а ние ви ја носиме листата од седумте најпосакувани трендови во светот на маникирот, дирекно од модните писти!

–          Неутралните лакови ( различните нијанси на бојата на кожата): затоа што тие се секогаш во мода. Едноставно, отмено, префинето, класично и се вклопува со се.

Металик нијансите: еден од најголемите трендови оваа сезона се металик боите.  Металик боите се неутрални и делуваат многу ефектно и моќно.

Плиш на ноктите- ако им веруваме на трендовите,  ноктите облечени во плиш оваа година ќе земат голем замав. Софистицирано и необично, за девојките кои сакаат да се разликуваат.

Боите на тропското овошје: иако дизајнерите тврдат дека оваа сезона потемните и суптилни тонови ќе владеат во светот на модата, Диор во орбитата лансираше и три прекрасни летни нијанси во боите на тропското овошје.

Сите нијанси на зелена: во модните води се сугерира дека зелената боја ќе ја обележи 2013 година, со сите нејзини нијанси, од смарагдно зелена до прекрасната минт боја. Откачено, но сепак тренди, неодоливо и идеално за пролетните денови.

Црн лак: прекрсано изгледа на кратки нокти, а пробајте да го носите со крем или бела облека и ефектен сребрен или златен прстен. Дококлку црната ви е премногу “екстремна” варјанта, алтернативно решение е сивата.

Боите на драгоцените камења: голем тредн ќе бидат и темните нијанси на виолетова, црвена, плава и жолта боја. Моќно, луксузно и елегантно

 

Напиши коментар