Motherhood

7 работи што многу сакаме мажите да знаат!

Жените биле ирационални, ги изопачувале работите и се лутеле без причина… Нема такви филмови момчиња! За нас секогаш има причина! Друго е прашањето дали оваа причина ви се чини оправдана… И, ако се прашувате зошто вашата партнерка втор ден не ви зборува, можеби ќе го најдете одговорот во 7-те работи кои жените многу сакаат мажите да ги знаат.

–          Можеме да се оттуѓиме и од оној кој безумно го сакаме, ако тој не пројавува загриженост кон нас!

–          Ние не секогаш ве разбираме! Ако нашата логика ви се чини чудна, тогаш вашата не е поинаква за нас.

–          Се лутиме дека не ни помагате во домаќинството, бидејќи сакаме да сме жени,а не слугинки.

–          Понекогаш молчиме и не одговараме на вашите прашања, не затоа што се правиме интересни, туку огромна грутка ни стои во грлото! И, ако ја отвориме устата, ќе избувнеме во солзи.

–          За нас грубоста и студениот однос не се знак на машкост, а токму спротивното.

–          Многу мразиме да не лажат! Па подобро бидете искрени со нас. Ако не од почит, тогаш барем поради фактот дека поставувајќи ви го прашањето, ние најверојатно веќе го знаеме одговорот!

–          Ги помниме убавите зборови долго време, но лошите никогаш не ги забораваме!

 

Напиши коментар