← НАЗАД НА БОЗА

7-те најздрави пијалоци за летото

7-те најздрави пијалоци за летото
553 Читања

Во летните денови соодветните пијалоци ни даваат чувство на свежина но исто така и на ситост. Освен тоа тие се одразуваат на нашето лично здравје! Нутриционистите составиле листа од најкорисните пијалоци, за кои задолжително треба да посегнете во најжешките денови.

На прво место специјалистите го ставиле свежото млеко како непроценлив извор на калциум. На второ место доаѓа сокот од домати, кој содржи ликопен – моќен антиоксидант. Следува топлото чоколадо! Да, колку и да не ви се верува, тоа е исто така корисно, бидејќи го подобрува општиот тонус на организмот, но по можност да се пие без шеќер.

На четврто место е ставен зелениот чај, кој е врвен сојузник во борбата со килограмите. Следува сокот од грејпфрут кој ја подобрува срцевата фреквенција, го намалува лошиот холестерол и го зајкнува имунолошкиот систем. Другиот корисен пијалок е сокот од портокали, поради високоата содржина на витаминот Ц.

И на последно, но не најмалку важно место, е водата. Таа е од непроценливо значење за организмот од ред причини. Дури има меморија која е важна за нашето здравје и среќа. Пиете вода колку што можете повеќе. Во текот на летото се препорачуваат 2,5 литри на ден.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk