Мојата кујна

Оргинална сицилијанска паста

Овие тестенини се посветени на операта „Норма“ на Винченцо Белини. Типичен сицилијански рецепт кој со само неколку сосотјки веднаш ќе ве однесе во прекрасната Сицилија.

ПОТРЕБНО Е:

400 гр тестенини

400 гр пире од домати

100 гр свежи домати

2 чешниња лук

маслиново масло

сол и бибер

10-12 ливчиња босилек

2 модри патлиџани со средна големина

тврдо сирење, по желба

ПОДГОТОВКА:

Сварете ги тестенините во солена и врела вода. Модрите патлиџани излупете ги и иселете ги на подебели тркалца. Еве еден трик за да не бидат горки: наредете ги на решетка, посолете ги и притиснете ги со некое тавче. Вака, оставете ги 1 час. Потоа, измијте ги со ладна вода и вака, нема да бидат горчливи. Исушете ги со кујнска крпа. Во тавче за пржење ставете малку маслиново масло да се загрее. На загреаното масло, ставете малку да се запржи (неколку секунди) ситно сечканиот лук. Потоа, ставете го пирето од домати, грубо исечкани. Додадете ги доматите (ако користите чери, само преполовете ги, а ако користите обични домати, исечете ги на четвртинки). Целата смеса посолете ја и забиберете ја. Оставете да се згусне малку. Пред крај, ставете ги ливчињата босилек, искинати на парчиња. парчињата модри патлиџани пржете ги во тавче со врело масло, на неколку наврати, не да го натрупувате тавчето. Испржените модри патлиџани редете ги на кујнска хартија за да ја впијат вишокот маснотија. Посолете ги малку. Сварените тестенини ставете ги во сосот и убаво измешајте.

Напиши коментар