Веќе се погрижија за верзијата со три врати, MQB A3, а сега преминаа на моделот со пет , A3 Sportback.
Најголемата светска тунерска куќа која се занимава со сите модели на Volkswagen, започна со надворешноста и стајлинг на китот кој опфаќа нова решетка, спојлер, браник, спојлер за кров, нов издувен систем…
За подобро управување, но и изглед, можете да го спуштите автомобилот , со спортската суспензија која го спушта за 35мм.
Новиот ABT систем за кочење со поголеми дискови, од 345мм, го заокружува овој извонреден пакет.