ШоуБиз

Адел планира венчавка!

Британската пеачка Адел, добитничка на оскарот за најдобра филмска музика за песната “Skyfall”, наводно оваа година ќе го каже судбинското да.

Извори, блиски на музичката звезда тврдат дека таа и нејзиниот дечко Сајмон Конецки, со кого во октомври минатата година добила син, веќе почнале со подготовките за венчавката.

Иако деталите не се суште познати, се шушка дека парот како локација го избрал градот Брајтон во Англија, додека британската дизајнерка Џени Пакам ќе биде задолжена за креирање на венчаницата.

Напиши коментар