After Midnight

Ако можеше да ги заборавиме спомените…

Многу пати ми се случило да сакам да избришам дел од спомените. Поточно оние кои ме тераат да плачам, тажните, љубовните разочарувања… Посакувам да ги избришам лузните од предходните неуспешни врски, лагите, скандалите и грдите сцени.

Сакам пак да можам да сакам наивно, без едно на ум, без претпазливост и без страв. Како првиот пат. Сега не можам така. Не можам да звонам во три навечер кај некој маж, без да му мислам многу, не можам ни да кажам прва “Те сакам”, без да имам гаранција дека и тој има чувства. Сега едноставно се обложувам на сигурно. Колку жално!

Ако онаа технологија за delete на спомени од филмот “Брилијантноста на чистиот ум”, навистина постоеше, колку ли луѓе како мене ќе сакаа да ја искористат?!  Но дали белите дамки на мозокот ја лекуваат болката од скршеното срце? Или сето тоа е судбина и не можеме да избегаме од неа?

Легнуваш и почнуваш одново. Не го помниш него, не се сеќаваш на страдањето, но не го помниш ни убавото. Останува само силата на привлекување, пред неа се немоќни било какви апарати, машини и апчиња. Но што ако утре се судрите повторно? Привлекувањето повторно ќе ве “преполови”.  Ќе се заљубите по втор пат во истиот човек.

Но секогаш може да го избришете и тоа. И конечно она што ќе ни остане? На 80. години ќе сме среќници, а нашите срца – празен простор. Како тогаш ќе ја оцениме среќата, штом не се сеќаваме на страдањето? Како ќе ја препознаеме љубовта кога не се сеќаваме на осаменоста?

 

Write A Comment