Рецептот е тајна, а тој е еден од најпопуларните пијалоци во светот, но повеќе никому не му новина фактот дека Кока-Кола-та е сосема нездрава.
Тоа сега делумно го потврди претседателот на компанијата за Европа, James Quincey, кој во интервјуто за Newsnight призна деак некои потрошувачи “не сваќаат” колку шеќер всушност има во овој популарен пијалок. Згора на тоа, тој додаде дека работите треба да променат и дека треба да се намалат стандардизираните количини кои се продаваат.
На прашањето што Кока-Кола прави добро за своите потрошувачи Quincey рече: “Таа има шеќер…има енергија, но дали е неопходно тоа? Не е. Но милиони луѓе секојдневно уживаат во неа.”
Ако овие информации не ви се доволни, погледнете го видеото кое во последно време кружи на интернет. Во него можете да видите што се случило во рок од една година со излупено јајце кое стоело во Кока-Кола.
