Денес сакаме да ве инспирираме со една од нашите омилени зимски комбинации – станува збор за добропознатата актуелна тенденција: XXL џемпер и тесни панталони.
Широкиот џемпер идеално прилега со тесни панталони, хеланки или фармерки во комбинација со едноставни чевли, а во најдобриот случај со рамни чизмички. Остатокот од аксесоарите како на пример шал, капа, накит, очила или марама дополнително го збогатуваат стајлингот што на тој начин ќе добие софистицирана нота.
Сите фотографии подолу се посветени имено на оваа ултра актуелна комбинација, а на вас оставаме да го изберете вашиот омилен стајлинг.