Потребни состојки:
700гр брашно
1 квасец
75гр маргарин
2 јајца
60гр шеќер
½ мали лажички мускантно оревче
1 мала лажичка сол
Масло за пржење
За преливот:
100гр чоколадо
100гр шарени мрвици
Подготовка:
Квасецот потопете го во малку млако млеко, додадете шеќер, малку брашно и малку сол, за да може квасецот да порасне. Маргаринот растопете го и додадете го во нараснатиот квасец. Додадете ги изматените јајца, мускантното оревче и сето тоа составете го со брашното со додавање на преостанатото млако млеко. Оставете го тестото да нарасне е па уште еднаш премесете го и повторно оставете го да нарасне. Нараснатото тесто ставете го на работната површина и премесете го. Истенчете го со сукало на дебелина колку еден прст па со помош на чаша вадете кругови, за да добиете прстенест облик. Потоа покријте ги со крпа и оставете уште малку да нараснат. Нараснатите крофни пржете ги во длабоко загреано масло од двете страни
