ШоуБиз

Анџелина Џоли е бремена повторно!

Актерката Анџелина Џоли е на пат да стане мајка повторно, соопштија близки на ѕвездата извори.

Во моментов убавицата и нејзиниот вереник Бред Пит ги одгледуваат своите 6 деца, од кои најмалите се четири годишните близнаци Нокс и Вивиен.

Последно Енџи беше забележана по време на снимањето на нејзиниот најнов филм  “Maleficent”, но тоа беше минатата година. Од тогаш таа ги избегнува камерите и се стреми да биде далеку од очите на јавноста, што е причина многумина да веруваат дека е бремена.

Деновиве гласините за нејзината бременост беа потврдени и од нејзин близок човек, кој сакал да остане анонимен. „Има тешко утринско гадење. Не сака да привлекува внимание и затоа не се појавува на јавни настани“, открива изворот за списанието Стар. „Во моментов таа е фокусирана на децата. Се обидува да се подготви за новото бебе“.

 

Напиши коментар