ШоуБиз

Анџелина Џоли ги одстрани двете дојки и им порача на жените…

Холивудската глумица Анџелина Џоли (37) открила дека ги одстранила двете дојки бидејќи имала 87% шанси да добие рак.

–          Не беше лесна одлука – напишала глумицата во отвореното писмо за “Њујорк Тајмс”.

Таа објаснила дека се подвргнала на овој зафат иако била здрава, откако дознала дека е носител на генот за рак и дека има 87 проценти шанса да добие рак на дојката.

Инаку,  мајката на глумицтата, Маршелин Бертар, починала во 57. година од рак на јајниците.

Откако дознав дека тоа е мојата реалност решив нешто да направам и да го намалам ризикот колку што можам така што превентивно ќе ги одстранам двете дојки. Почнав од градите бидејќи ризикот за тој рак е поголем од ризикот за рак на јајниците а и операцијата е сложена. Успеав сето тоа да го направам во тајност и да продолжам со работата – напишала Џоли.

–          Сакав да го напишам ова писмо и да им порачам на другите жени дека мастектомијата не е лесна, но среќна сум што го направив тоа. Моите деца повеќе не мораат да се плашат дека ќе ме загубат поради рак на дојката. Тие само ги гледаат моите мали лузни и тоа е тоа. За нив сум онаа истата мајка. Би направила се да бидам со нив колку што можам подолго.

Среќна сум што имам партнер како што е Бред Пит, полн со љубов и поддршка. Секоја жена или девојка која поминува низ ова нека знае дека партнерот е многу важен дел од процесот. Бред беше со мене во секоја минута во текот на операцијата. Успеавме заедно да се смееме. Знаевме дека е тоа вистинската одлука за нашето семејство и дека уште повеќе ќе не зближи.

–          Лично, не се чувствувам помалку женствено. Се чувствувам силна бидејќи ја донесов оваа тешка одлука која на ниту еден начин не ја намалува мојата женственост.

–          Се надевам дека другите жени ќе имаат корист од моето искуство. Ракот е и понатаму збор кој влева страв во човечкото срце и предизвикува длабоко чувство на беспомошност. Но денеска е можно преку анализа на крвта да откриете

дали сте подложни на рак на дојката или јајниците и тогаш можете да се пуштите во акција – заклучила Анџелина Џоли.

 

Напиши коментар