ШоуБиз

Анџелина Џоли и Бред Пит спремни да посвојат сираче од Сирија!

Анџелина Џоли и Бред Пит се одлучни во намаерата  да посвојат едно сираче од Сирија, пренесуваат америчките медиуми. Славниот пар посетил еден од камповите во Јордан каде се сместени избеглици од Сирија, а на идеjата да посвојат уште едено дете, Анџелина и Бред  дошле со цел да ја подигнат свеста за граѓанската војна која е сеуште во тек. Говорејќи неодамна за USA Weekend, Бред Пит открил дека за него безбедноста на семејството  е на прво место. “Тоа е единствената работа поради која се будам навечер. Само помислувам, ‘Дали се сите на сигурно?’ Се чувствувате сигурно кога знаете дека децата се во кревет и спијат. Но тука е и грижата кога некое од нив е болно. Тоа се нормални работи во родителството.”

Write A Comment